Дома Топ вести Таткото на Меси: Тешко дека Лео ќе остане во Барселона?

Таткото на Меси: Тешко дека Лео ќе остане во Барселона?

Лионел Меси е во центарот на вниманието откако минатата недела побара да ја напушти Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот татко, Хорхе Меси, кој воедно е и менаџер на најдобриот светски фудбалер, утрово пристигна во Барселона и во текот на денот треба да се сретне со претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу.

Хорхе Меси очекувано беше „нападнат“ од голем број новинари и кратко изјави дека „Тешко дека Лео ќе остане во Барселона“.

Таткото на Меси беше запрашал дали имал разговори со Пеп Гвардиола за евентуален трансфер во Манчестер Сити.

„Не сум разговарал со него. Не знам ништо, засега нема ништо“, одговори Хорхе Меси.

Аргентинецот се надева дека ќе ја активира клаузулата во договорот која му овозможува да го раскине договорот и да замине без обештетување, но клубот му порача дека времето на клаузулата веќе поминало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ибрахимовиќ воодушевен од младата ѕвезда на БиХ: Играше како стадионот да е негов!

Босанската фудбалска репрезентација блескаше со победа од 3:1 против Катар, осигурувајќи г…