Дома Македонски спорт Мак фудбал Супер талентот на Шкендија: Сонував и напорно работев за овој момент

Супер талентот на Шкендија: Сонував и напорно работев за овој момент

16 годишниот фудбалер Дашмир Елези го обележи изминатото коло во македонската прва лига.

Супер талентот на Шкендија дебитираше за Шкендија на само 16 години и еден ден и успеа да постигне важен гол во дербито со Шкупи.

Елези сега зборуваше за официјалниот сајт на Шкендија.

„Сонував за едно вакво деби за Шкендија. Чувството не се опишува, ова е се што посакував од детството. Едвај чекав да заиграм за првиот тим и напорно работев за ова да се случи. Секако ова за мене ќе биде само мотив да работам уште повеќе и да ги остварам целите кои ги имам зацртано“, изјави Елези.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Трагедија во Бразил: Во авионска несреќа загинаа четворица фудбалери и претседателот на клубот🎥

Нова трагедија го потресе фудбалот откако во авионска несреќа загинаа четворица фудбалер и…