Како и што се најавуваше, суспензијата за фудбалерот на Пол Погба е потврдена и ова веројатно значи крај за кариерата на францускиот играч за врска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На почетокот на новата сезона Погба беше позитивен на естостерот и тоа беше утврдено од анти-допинг агенцијата по мечот на кој настапи против Удинезе. Позитивен беше и вториот контролен тест, па затоа и беше јасно дека Погба нема да помине добро.
Пред три месеци антидопинг обвинителството во Италија побара на Погба да му биде изречена суспензија од четири години, денес судот само го прифати тоа барање и ја потврди драконската казна за Погба.
Во перидоот од четири години Погба нема да смее да извршува било какви професионални обврски поврзани со фудбалот и со оглед на тоа дека има 31 година и формата во која се наоѓаше (постојано се повредуваше) тешко е да се очекува да продолжи.
Изминатите месеци, односно по потврдата на вториот допинг тест Јувентус не ја исплаќаше платата на Погба, а оваа потврда на Јувентус ќе му го олесни раскинувањето на договорот.