Дома Фудбал Судијата означи почеток на натпреварот. Две секунди подоцна, се затресе гредата

Судијата означи почеток на натпреварот. Две секунди подоцна, се затресе гредата

Фудбалерите на Лион ја прекинаа серијата од два последователни порази откако го совладаа Марсеј со 1:0 во натпреварот од 20. коло на францускиот шампионат и освоија важни бодови во борбата за останување во лигата.

Со овој натпревар беше прекината и серијата од девет последователни средби на кои Марсеј освои барем бод, но помалку се зборува и пишува за тоа отколку за она што се случи по судискиот свиреж за почеток на натпреварот.

Гостинската екипа можеше да поведе веќе во првите секунди од натпреварот. Во моментот кога судијата означи почеток, Амине Харит ја шутна топката од центарот и ја погоди гредата над главата на неподготвениот Ентони Лопес. Лион победи со голот на Александре Лаказет во 37. минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Казна каква што фудбалот не памети: Забрана за Икарди до 2099 година!

Поранешниот напаѓач на Интер и ПСЖ e во голема неволја во родната Аргентина, откако власти…