Дома Македонски спорт Мак ракомет Судбината е во наши раце: Македонија спремна за големиот меч

Судбината е во наши раце: Македонија спремна за големиот меч

Maкедонските ракометари денес во 18:15 часот ќе играат клучен натпревар за пласман во следната фаза против Австрија.

Ние имавме прилика со победа против Чешка да обезбедиме пласман во следната фаза, меѓутоа тоа не се случи бидејќи Чесите беа подобри од нас и не победија, па сега ќе мораме до следната фаза по потешкиот пат.

Македонија сама си ја крои судбината, па ќе бара победа од два-три разлика, а тоа нема да биде лесно бидејќи Австрија е домаќин и одигра одлично во првите два меча.

Калкулациите велат дека ако ја победиме Австрија со два или повеќе голови разлика сигурно одиме во следната фаза, но можеме да се пласираме и со реми доколку Чешка загуби од Украина.

Европското првенство можеме да го продолжиме и со обична победа од еден гол разлика, но во тој случај ќе зависиме од исходот на мечот Украина – Чешка.

Добро е што судбината е во наши раце и си ја кроиме сами, а ова не е прв пат одлучувачкиот натпревар да го играме против Австрија. Пред шест години на ЕП во Данска, Македонија ја совлада Австрија (22-21) и се пласира во вториот круг.

Нека биде така и денес…напред Македонија!

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Исповед на Маја од Сплит која ја видела трагедијата на Коби во живо!

Маја Виличиќ од Сплит, која веќе долги години живее и работи во Америка, синоќа била блиск…