Дома Фудбал Останато Суарез пет години после инцидентот со Киелини: Не се однесуваа кон мене како кон човек

Суарез пет години после инцидентот со Киелини: Не се однесуваа кон мене како кон човек

0

Луис Суарез секако е еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15-тина години, но е познат и по многу контроверзии.

Еден од најконтроверзните потези во неговата кариера, меѓутоа и воопшто во фудбалот во последните 15 години е моментот кога го гризна Џорџо Киелини во натпреварот помеѓу Италија и Уругвај.

Тој момент се случи на Светското првенство во Бразил, а ФИФА не му го прости тој потег и му додели четири месеци суспензија, а една година подоцна потпиша за Барселона, но Каталонците официјално не го претставија.

Суарез се уште жали поради.

„Не постапија кон мене како кон човек. Нехумано се однесуваа во тој период. Направив трансфер во Барселона, а поради тој инцидент не бев претставен“, се пожали Суарез.

Иако Суарез немаше официјално претставување понатамошната кариера во Барселона му беше одлична, Уругваецот се покажа како одличен тандем со Лионел Меси. Сепак, времето на Суарез во Барселона како полека да изминува, а во последниот период многу се пишуваше за неговиот потенцијален наследник во каталонскиот гигант.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: „Црвената армија“ на Клоп незапирлива, неверојатен пресврт на Арсенал

Големото дерби на „Стенфорд Бриџ“ му припадна на Ливерпул, кој продолжува со максималниот …