Дома Фудбал Суарез го подобри рекордот на Роналдо

Суарез го подобри рекордот на Роналдо

Атлетико Мадрид синоќа одигра реми против Селта (2:2), а стрелец на давата гола за „јорганџиите“ беше Луис Суарез.

34-годишниот Суарез со двата гола успеа да се запише во историјата и го подобри рекордот на Кристиано Роналдо.

Суарез стигна до 16 голови на првите 17 првенствени натпревари за Атлетико и стана играч кој најбрзо постигнал 16 голови во Ла лига во 21 век.

Уругваецот го сруши рекордот на Кристиано Роналдо, кој постигна 15 гола на првите 17 натпревари за Реал во сезоната 2009/10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…