Дома Фудбал Останато Суарез го откри најголемиот проблем на Меси во Франција

Суарез го откри најголемиот проблем на Меси во Франција

Луис Суарез и Лео Меси беа еден од најдобрите тандеми во историјата на Барселона, а надвор од терените важат за големи пријатели.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Суарез, кој моментално настапува за Атлетико, откри дека Меси му се доверил за тоа кој му е најголемиот проблем во Париз.

„Нашиот однос е ист како кога игравме во Барселона. Секојдневно зборуваме за натпреварите, семејствата и слично. Ми кажа дека се уште не се адаптирал во Франција и има посебен проблем кога игра на екстремен студ или снег. Му треба време да се навикне на времето во Париз и Франција бидејќи во Барселона е многу потопло во текот на годината“, откри Суарез.

Најдобриот фудбалер во светот не игра на своето препознатливо ниво во ПСЖ и од почетокот на сезоната има постигнато само четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите на Вардар ќе поделат премија од 250.000 евра!

Откако и официјално ја обезбеди шампионската титула, ФК Вардар повторно се искачи на врвот…