Дома Македонски спорт Мак фудбал Ступиќ: Не чека многу важен меч со Осогово, ќе дадеме се од себе за победа

Ступиќ: Не чека многу важен меч со Осогово, ќе дадеме се од себе за победа

Пехчево стартуваше со пораз во пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток на натпревар во кој нашите фудбалери беа рамноправен противник на гостувањето против лидерот Слога во Виница.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот Бошко Ступиќ вели дека тој натпревар се заборава затоа што фокусот мора да следи кон новите предизвици. Веќе во сабота (26. февруари) Пехчево го чека натпреварот со Осогово кој од 14 часот ќе се игра на Градскиот стадион во Штип, поради реконструкција на теренот во Пехчево.

„Поразот од Слога во Виница веќе го оставаме зад нас, максимално фокусирајќи се на следните предизвици кои не очекуваат. Веќе во сабота во Штип не очекува важен натпревар против Осогово, противник кој секако максимално го респектираме. Но, за нас бодовите од овој меч се многу важни и ќе дадеме се од себе за да дојдеме до нив. Добро се подготвивме изминатиов период, новите млади играчи успешно се вклопуваат во тимот па верувам во подобри игри и позитивни резултати до крајот на сезоната“ – вели Ступиќ.

Фото: ФК Пехчево

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …