Дома Фудбал Столе Димитриевски потврди дека замининува од Рајо Ваљекано

Столе Димитриевски потврди дека замининува од Рајо Ваљекано

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски официјално донесе одлука по шест години да го напушти шпанскиот фудбалски клуб Рајо Ваљекано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашиот чувар на мрежата откако се збогуваше со своите фанови на зелениот терен, сакаше во понеделник на социјалните мрежи да се прости од сите навивачи.

– Ви благодарам, благодарам, благодарам. Многу среќен што живеев шест години во овој многу посебен клуб. Ќе го носам Рајо Ваљекано во моето срце – стои во објавата на Димитриевски.

Сезонава во „Ла Лига“ каде што имаше 37 настапи со мадридскиот клуб успеа да обезбеди опстанок во елитата.

Според најавите, новиот клуб од следната сезона на Димитриевски ќе биде Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Иран подигнаа транспарент што ќе ги налути Американците (Видео)

Мечот од првото коло на групата Х на Светското првенство помеѓу Иран и Нов Зеланд во Инглв…