Дома Македонски спорт Столе Димитриевски го „откри“ Вардар пред шпанците: Вардар е комбинација на младост и искуство!

Столе Димитриевски го „откри“ Вардар пред шпанците: Вардар е комбинација на младост и искуство!

Столе Димитриевски, македонскиот голман кој е член на Гимнастик, каде што пристигна од Гранада, имаше што да му порача шпанскиот претставник Реал Сосиедад пред утрешниот натпревар против Вардар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според најавите од шпанските медиуми во Скопје се очекуваат да пристигнат околу 300 фанови на Сосиедад.

„Натпреварите за Вардар во Европа се како финале, а со каков противник си има работа Сосиедад говори и податокот што во Скопје беа поразени екипи како Фенербахче и Сосиедад. Во овој момент тимот на Вардар е комбинација од младост и искуство што секако е одлично, заедно со Шкендија тој е еден од најдобрите македонски клубови. Ривалството помеѓу Вардар и Шкендија може да се спореди со она помеѓу Мадрид и Барселона. Вардар во овој натпревар нема што да загуби, со секој натпревар во Лигата на Европа тие собираат искуство кое секако ќе им користи во иднина“.

Димитриевски потоа зборуваше и за ситуацијата во ракометот и фудбалот.

„Пласманот во групната фаза од Лигата на Европа е од огромна важност за македонскиот фудбал, тоа е прв пат еден наш клуб да игра во вакво натпреварување. Во Македонија спорт број еден е ракометот, а веројатно знаете дека Вардар минатата година стана европски шампион“, заврши Димитриевски.

Иначе Димитриевски од македонското првенство си замина во 2012 кога беше член на Работнички, а за сениорската селекцијата на Македонија успеа да собере 15 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во Сити заработува милиони, а вчера ја шокираше јавноста кога видоа каков телефон носи

Манчестер Сити во финалето на ФА Купот кое се играше на Вембли успеа да го победи Челси со…