Дома Трансфер зона Стоичков ја советува Барса: Купете ја ѕвездата на Наполи

Стоичков ја советува Барса: Купете ја ѕвездата на Наполи

Легендата на Барселона, Христо Стоичков го гледа напаѓачот на Наполи Ирвинг Лозано како иделно засилување за каталонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Стоичков одлично ги познава квалитетите на мексиканскиот репрезентативец и смета дека одлично би се вклопил во стилот на Барселона.

„Тоа момче многу ми се допаѓа. Игра на лесен и едноставен начин. Би сакал еден ден да го видам во Барселона. Ќе видиме дали раководството ќе ме послуша, Лозано може да направи исклучителни нешта“,смета Стоичков.

25-годишниот Лозано пристигна во Наполи од ПСВ, а оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…