Eкипата на шкупи го потврди трансферот на играчот од средниот ред Ѓорѓи Стоилов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стоилов потпиша договор на шест месеци со можност за продолжување на ште една година. Неодамна 26-годишниот фудбалер беше дел од Зира, а пред да се пресели во Азербејџан ги бранеше боите на Академија Пандев.
„Мило ми е што ќе играм за Шкупи. Ова е клуб со тртадиција во мак-фудбалот и целите јасни. Среќен сум што сум дел од тим со добри играчи. Кој не би сакал да игра за Шкупи? Клуб со историја и верни навивачи“, изјави Стоилов.
Стоилов отпатува и во Анталија каде што Шкупи се подготвува за вториот дел од сезоната.