Дома Трансфер зона Стигна потврда: Јунајтед испратил понуда, но сега Ливерпул е фаворит за новата холандска ѕвезда!

Стигна потврда: Јунајтед испратил понуда, но сега Ливерпул е фаворит за новата холандска ѕвезда!

Спортскиот директор на ПСВ Ајндховен, Марсел Брандс, откри дека Ливерпул е фаворит за потписот на фантастичниот Коди Гакпо.

Холанѓанецот минатото лето беше на мета на бројни екипи, но на крајот никој не успеа да го доведе. Конкретно, понуди пристигнаа од Лидс Јунајтед и Манчестер Јунајтед, но Коди остана во Ајдховен и продолжи да пружа одлични игри оваа сезона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Брендс во интервју за холандски „ESPN“ отворено проговори за понудите што пристигнале за него и за оние што ги очекува.

„Не, Коди не го одигра последниот натпревар на гостински терен (против Ајакс вчера) во дресот на ПСВ. Тој ќе игра против Ајакс во остатокот од сезоната. веројатно“, започна Брендс.

Тој откри дека Лидс минатото лето испратил понуда од 30.000.000 евра со уште 11.000.000 бонуси, од кои 6.000.000 би дошле доколку овој клуб се пласира во Лигата на шампионите. Исто така, тој смета дека Јунајтед не понудил доволно за неговиот потпис.

„Да понудеше Јунајтед доволна сума пари, ќе го продадевме. Сакавме да одиме над 50.000.000 со бонуси. Тогаш немаше да го спречиме да замине. Имаме договор со неговите претставници да го пуштиме да замине во случај на задоволителна понуда“.

Потоа издвои еден клуб за претстојниот преоден рок – Ливерпул. Иако признава дека не пристигнала понуда од „Енфилд“.

„Ливерпул е клуб кој секогаш е во фокусот. Дали би бил добар клуб за Гакпо? Да, би бил“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…