Јувентус ова лето ангажираше неколку нови фудбалери, а како најголемо засилување секако беше крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Даглас Коста.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот пристигна на едногодишна позајмица со задолжителен откуп на крајот на сезоната, а целиот трансфер ја чинеше „старата дама“ 46 милиони евра.
Меѓутоа, Даглас Коста не ги оправда вложените средства бидејќи никој во Торино не е задоволен од неговиот придонес на стартот на сезоната.
Бразилецот не покажа буквално ништо. После осум запишани настапи и 391 минути поминати на теренот, Коста не се запиша во листата на стрелците,а не запиша ниту една асистенција.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Алегри не е задоволен, тој сака од својот крилен фудбалер да има конкретен придонес во офанзивните задачи, но и да работи во дефанзива.