Дома Трансфер зона Стигаат арапски милиони: Њукасл започна преговори за Кутињо

Стигаат арапски милиони: Њукасл започна преговори за Кутињо

Раководството на Њукасл започнало преговори со Барселона за Филипе Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми.

Њукасл во наредните недели и официјално ќе премине во рацете на нови соптвеници од Саудиска Арабија, кои најавуваат големи инвестиции и изградба на силен тим.

Поради тоа сакаат да ја искористат ситуацијата со Филипе Кутињо и нема да жалаат пари за да го донесат на „Сент Џејмс Парк“.

Баерн Минхен и официјално потврди дека нема да го откупи Бразилецот, а Њукасл е единствен клуб кој е спремен да плати 100 милиони евра за неговиот потпис.

Кутињо во Барселона пристигна за 160 милиони евра од Ливерпул, но не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус и Наполи ја сакаат ѕвездата на Сасуоло

Жереми Бога игра фантастична сезонона во дресот на Сасуоло и го привлече вниманието на нек…