Дома Фудбал Репрезентации Стивна бурата: Србија го решила проблемот со Пикси!

Стивна бурата: Србија го решила проблемот со Пикси!

Фудбалскиот сојуз на Србија претходно соопшти дека постигнал договор со тренерот на „орлите“, Драган Стојковиќ Пикси и дека договорот ќе биде продолжен до 2026 година, а тоа се случи во понеделникот на Собранието на ФСС во Стара Пазова. И тоа едногласно.

Во меѓувреме се појавија несогласувања за кои пишуваше „Спорт Клуб“. Проблем наводно настанал околу прашањето ако Србија не се пласира во осминафиналето на Европското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според истите извори, Стојковиќ инсистирал на обештетување во случај на евентуален раскин, станувало збор за значителна сума од еден милион евра.

Претходно Фудбалскиот сојуз на Србија објави:

„Во улога на селектор на нашата А репрезентација, Драган Стојковиќ и овозможи на Србија за прв пат да комбинира учество на две големи натпреварувања (СП во Катар и ЕП во Германија), покрај ова, постигна успех и во Лигата на нации. (се пласираше во елитниот ранг) и ја доби довербата од раководството нашата организација да продолжи со својата работа и по Европското првенство во Германија. Зачувувањето на континуитетот во водењето на репрезентацијата е еден од клучните фактори за постигнување на посакуваниот резултат“, стои во соопштението од ФСС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…