Дома Останати Кошарка Стеф Кари под знак прашалник и за втората рунда од плеј-офот

Стеф Кари под знак прашалник и за втората рунда од плеј-офот

Ѕвездата на Голден Сејт, Стеф Кари не игра во првата рунда од плеј-офот против Спарсите, а најновите информации се дека би можел да отсуствува од паркетот уште околу три недели.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вориорсите рутински стигнаа до предност од 2:0 во серијата против тимот на Грег Поповиќ и засега во нивната игра не се чуствува отсуството на Кари.

Првобитно беше објавено дека Стеф на да игра само во првата рунда, меѓутоа неговиот проблем би можел да биде поголем.

Во текот на вториот натпревар од првата рунда на плеј-офот коментаторите на американската телевизија ТНТ открија дека од разговор со тренерот Стив Кер дознале дека 30 годишниот плејмејкер ќе отсуствува уште околу три недели.

Тоа би значело дека Кари нема да се приклучи на тимот барем до средината на втората рунда каде што Голден Стејт би требало да игра со подобриот од Њу Орлеанс и Портланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Земјотрес во НБА: Најавена „чистка“ во Денвер – ќе остане само Јокиќ?!

Раната елиминација на Денвер Нагетс од плејофот на НБА лигата, и тоа од десеткуваната Мине…