Дома Фудбал Италија Старата дама подготвува “поклон“ за Роналдо

Старата дама подготвува “поклон“ за Роналдо

Јувентус следната сезона ќе има нов напаѓач во своите редови.

Тутоспорт пишува дека изборот паднал на Моис Кин, напаѓачот кој Јувентус пред неполни две години го продаде во Евертон за 27.5 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кин оваа сезона настапува на позајмица во ПСЖ, каде има значаен напредок, до сега има 17 голови во сите натпреварувања.

Во торинскиот клуб сметаат дека 21-годишниот напаѓач би бил идеален партнер за Кристијано Роналдо кој и сам побара да се донесе нов напаѓач.

Сумата за која Јуве сака да го купи Кин не се споменува, но со сигурност не се работи за износ помал од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите го сменија мислењето: Прво го сакаа Вилијамс, а сега не бил калибар за Барселона

Нико Вилијамс е главната тема во Шпанија изминативе два дена. Репрезентативецот на Шпанија…