Дома Фудбал Српски фудбалер со своето „Порше“ се забил во камион (ФОТО)

Српски фудбалер со своето „Порше“ се забил во камион (ФОТО)

Српскиот фудбалер Никола Нинковиќ кој го носи дресот на италијанскиот второлигаш Асколи во Хрватска имал тешка собраќајна несреќа.

Нинковиќ со своето Порше се забил директно во камион. Скапиот автомобил е целосно уништен, а фудбалерот имал среќа што не се здобил со сериозни повреди. Тој веднаш бил пренесен во болница и пуштен по неколку часа.

„Се враќаше за Италија, а два ипол часа по тргнувањето ни беше јавено дека имал собраќајна несреќа. Наредните неколку дена ќе остане во Белград затоа што докторите го советувале да мирува. Им благодариме на докторите за се што направија“, изјави за медиумите Бранимир Нинковиќ, татко на повредениот фудбалер

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчез речиси исчезна во кадарот: Интервјуто по турското дерби стана хит (Видео)

Галатасарај го совлада Фенербахче со 2:1, но на социјалните мрежи внимание привлече и инте…