Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Србија се спаси во последната секунда🎥

Србија се спаси во последната секунда🎥

Србија со гол во последните секунди успеа да се спаси од пораз против Словенија (1:1) и да ги остави сите шанси отворено за третото коло.

Словенија беше подобар противник во првото полувреме, имаше иницијатива, создаваше шанси, а во 37.минута Елшник ја погоди стативата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


При крајот на полувремето Србија имаше одлична шанса преку Митровиќ, кој не успеа да го совлада Облак од чиста ситуација.

Во вториот дел Србија тргна поофанзивно, Митровиќ повторно излезе сам пред Облак и не успеа да го совлада.

Казната стигна во 69-та минута кога Карничник постигна гол за водство на Словенија. После тоа Пикси во игра ги внесе Милинковиќ Савиќ и Самарџиќ, па Србија доби на креативност и нападна со сите сили но не успеваше да создаде чиста шанса.

Израмнувањето стигна во 95-та минута преку Лука Јовиќ, кој најдобро се снајде после еден корнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Лапорта: Сега конечно сме во ситуација да делуваме на трансфер пазарот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта рече дека во Ханси Флик ја гледа вистинската личн…