Националниот тим на Србија без плејмејкерот и капитен Милош Теодосиќ ќе замине во Кина, каде на 31 август го почнува настапот на Светското првенство во кошарка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капитенот на Србија сè уште е на терапија поради повредено стопало, ќе треба да прави интензивни терапии, и да се надева дека рехабилитацијата ќе оди според планот, па да им се приклучи на „орлите“ во завршната фаза од Мундобаскетот.
Србите пред СП, во Кина ќе одиграат три подготвителни натпревари. Селекторот Александар Ѓорѓевиќ за контролите ќе смета на 12 кошаркари, а конечната одлука дали Теодосиќ ќе игра на СП или не, ќе се знае до 29 август, кога е последниот ден за пријавување играчи.