Според информациите на каталонскиот „Спорт“ Миралем Пјаниќ ќе се врати во Јувентус на двегодишна позајмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што информира „Спорт“, Пјаниќ прифатил 20% намалување на платата за да се врати во Торино, а на Јувентус му одговара неговото враќање да биде на позајмица. На Барселона и одговара било какво заминување на Пјаниќ само да се ослободи од неговата плата.
Во Барселона Пјаниќ пристигна минатото лето како дел од размената со Артур Мело кој заврши во Јувентус. Сепак, во Барселона Пјаниќ е далеку од очекувањата, а Роналд Куман скоро и воопшто да не смета на него.
Враќање во Серија А би можело да биде добро за Пјаниќ, со оглед на тоа што доаѓа во позната средина каде што прикажуваше одлични настапи.