Дома Трансфер зона Специја му дала „корпа“ на Дани Алвес!

Специја му дала „корпа“ на Дани Алвес!

Најтрофејниот фудбалер Дани Алвес ја добил една од најголемите „шлаканици“ во кариерата

Во изминатиот период на Алвес не му беше продолжен договорот во Барселона, но Алвес сака да продолжи и да најде нова средина со цел да биде во форма за Мундијалот во Катар пред крајот на годината.

Медиумите во Италија пренесуваат дека опција за Дани Алвес била Специја, наводно Бразилецот преку својот агент се понудил на италијанскиот калчолигаш, но тие го одбиле.

Специја минатата сезона се бореше за опстанок во Серија А во што на крајот и успеа, а сметале дека играч како Дани Алвес во овој момент не им е потребен. Претходно Алвес се поврзуваше и со шпански Ваљадолид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте во Тотенхем „отпишал“ четворица играчи кои вредат 100 милиони евра

Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четво…