Дома Фудбал Англија СПЕКТАКУЛАРНО: Додека сите гледаа што прави Тадиќ „падна“ голот на сезоната! (ВИДЕО)

СПЕКТАКУЛАРНО: Додека сите гледаа што прави Тадиќ „падна“ голот на сезоната! (ВИДЕО)

Додека вчера очите на фудбалската јавност беа вперени кон Мадрид каде што Ајакс го понижи Реал Мадрид на натпреварот од Чемпионшип помеѓу Дерби Каунти и Виган постигнат беше гол за паметење.

Дерби со пресврт славеше победа од 2:1, а голот за изедначување во 62-та минута го постигна Мејсон Бенет и без дилеми ќе биде сериозен кандидат за наградата Пушкаш.

Фудбалерот на Дерби беше свртен со грб кон голот. Сепак, успеа да ја зафати топката со врвот на копачката и да ја испрати кон голот. Бенет постигна навистина спектакуларен гол и до овој момент сигурно дека е главниот кандидат за наградата за најдобар гол во 2019 година.

Ваков спектакуларен гол е навистина тешко да се надмине, дали невозможно останува времето да покаже.

Ваквиот погодок им даде „крилја“ на избраниците на Френк Лампард и до крајот успеаа да стигнат до трите бода. Голот за победа го постигна Скот Малони во 78-та минута од средбата.

За Дерби ова беа важни три бода. После серијата од три порази конечно успеаа да слават и се искачија на делбата на шестата позиција која води во плеј-офот за влез во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид без Асенсио во следните три недели

Лоши вести пристигнуваат за тимот на Реал Мадрид. Имено, Марко Асенсио поради повреда на м…