Дома Видео Спектакуларна асистенција на Родригез за победа на Колумбија

Спектакуларна асистенција на Родригез за победа на Колумбија

0

Репрезентацијата на Колумбија се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка.

До овој успех Колумбијците дојдоа откако го совладаа Катар со 1:0 и така после триумфот над Аргентина го осигураа првото место во групата.

Единствениот погодок против Катар го постигна Запата по асистенција на Џејмс Родригез, кој на фантастичен начин му ја сервираше топката на својот соиграч.

Неговата топка имаше очи, дојде до Запата, кој исто така прекрасно погоди за 1:0.

Сепак, одличните игри не му помагаат премногу кога е во прашање односот со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Зидан му даде јасно до знаење дека нема да смета на него за следната сезона и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Наполи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

На денешен ден дебитираше момчето кое ја промени фудбалската историја (ВИДЕО)

На тој 16-ти откомври во завршницата од натпреварот против Еспањол вчезе момчето со бројот…