Дома Видео Спектакуларен натпревар на Џејмс Харден против поранешниот клуб

Спектакуларен натпревар на Џејмс Харден против поранешниот клуб

Синоќа на НБА паркетите беа одиграни десет натпревари, а секако вредно е да се издвои одличната партија на Џејмс Харден.

Бруклин Нетси гостуваа кај Рокетси во Хјустон и славеа победа со резултат 132:114. Спектакуларен натпревар одигра поранешниот играч на Рокетси, Џејмс Харден.

Харден дојде до нов трипл-дабл и натпреварот го заврши со 29 поени, 14 асистенции и 10 скокови.

Лос Анџелес Лејкерс го забележаа вториот пораз во низа. Без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис Лејкерси беа поразени на гостувањето кај Сакраменто со 123:120.

Домашните до триум ги предводеше Бади Хилд со 29 поени, додека кај Лејкерси најефикасни беа Денис Шредер со 29 и Харел со 28 поени.

Резултати:
Кливлент – Индијана 111:114
Филаделфија – Јута 131:123pp
Торонто – Детроит 105:129
Хјустон – Бруклин 114:132
Минесота – Шарлот 102:135
Њу Орлеанс – Чикаго 124:128
Орландо – Атланта 112:115
Далас – Оклахома 87:78
Портлант – Голден Стејт 108:106
Сакраменто – ЛА Лејкерс 123:120

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Доказ дека Роналдо си заминува од Јувентус🎥

Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека ќ…