Дома Останати Кошарка НБА Спектакл на забивањата: Гордон го прескокна највисокиот НБА играч, титулата замина кај Дерик Џонс

Спектакл на забивањата: Гордон го прескокна највисокиот НБА играч, титулата замина кај Дерик Џонс

Кошаркарот на Мајами, Дерик Џонс победи во натпреварот во забивање во Ол стар спектаклот во „Стејплс Центар“. До признанието стигна преку две дополнителни рунди во финалето против Арон Гордон од Орландо од кого на крајот имаше само бод повеќе.

Според мнгумина, и фановите и голем дел од медиумите, титулата требаше да му припадне на Гордон кој во последниот обид ја заби топката така што го прескокна највискиот играч во НБА лигата, Тако Фол.

Публиката очекуваше нова 50-ка, но жирито му додека 47 што предизвика негодување од трибините.

 Џонс, пак, во финалното забивање тргна од другата страна на теренот и за забивањето со скок од „пенал“ линијата доби 48 со што го обезбеди тој бод повеќе од Гордон за конечна победа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Албанец од Струга го поминал детството со Ибрахимовиќ: Беше лошо дете, јадеше кај нас (ВИДЕО)

Албанецот, Ади Хоџа од Струга откри дека во своето детство растел заедно со една од најгол…