Дома Фудбал Англија Спектакл во најава: Премиер лигата ќе организира Ол-стар меч

Спектакл во најава: Премиер лигата ќе организира Ол-стар меч

Сопственикот на Челзи, Тод Боли неодамна за англиските медиуми изјави дека би сакал да го види Ол Стар натпреварот во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Американскиот бизнисмен смета дека Премиер лигата едноставно треба да има натпревар на кој се собираат најголемите ѕвезди, по примерот на спортот во САД.

Оваа идеја најпрво наиде на исмевање од фудбалските критичари. Но сепак може да се случи американизација во европскиот спорт.

„Плановите за Ол-стар меч повторно заживуваат и стануваат актуелни. Најдобрите 11 од Премиерлигата против најдобрите од Бундеслигата, Ла Лига и остатокот од врвните лиги“, најавува „Тајмс“.

Овие натпревари би се играле на крајот од сезоните и нема сомнеж дека би привлекле огромно внимание ширум светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Англија постигна гол за победа: Студиото „гори“, а погледнете го Рој Кин

Англија ја победи Норвешка со 2:1 во Мајами по дополнителното време и се квалификуваше за …