Манчестер Јунајтед е подготвен да плати неверојатни 350 милиони фунти на ПСЖ за Нејмар, а Парижаните тие пари би ги потрошиле за Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот не беше на прославата на титулата за шампион на Франција, односно тој играше покер во Бразил и изгледа дека тоа ги налути луѓето во ПСЖ. Така решија два директни проблеми, да се решат од играчот кој очигледно не е вклопи во тимот и да избегнат казна од Фудбалскиот сојуз на Франција за трансферите на Нејмар и Мбапе минатото лето.
Како што Мурињо се подготвува да ја нападне титулата во Англија, во Нејмар гледа нов тимски лидер и подготвен е да ги сруши сите рекорди за да го доведе Бразилецот на „Олд Трафорд“.
Доколку дојде до траснфер на релазија Париз-Манчестер, ПСЖ е подготвен да понуди дел од парите на Реал Мадрид за Роналдо. Не е тајна дека Португалецот имаше проблеми со шпанскиот закон, како и дека сака нов предизвик во кариерата, а Перез не е подготвен да му ја зголеми платата. ПСЖ може да му ја понуди потребната плата и нови предизвици.