Дома Трансфер зона Спалети како лисицата и грозјето: Силни сме и без Модриќ

Спалети како лисицата и грозјето: Силни сме и без Модриќ

0
spaleti

Иако вечерва се најавуваа нови преговори изгледа дека Лучијано Спалети се помири со фактот дека Лука Модриќ ќе остане член на Реал Мадрид и оваа сезона.

Сагата околу најдобриот играч од последниот Мундијал никако да престане. Медиумите во Италија и понатаму тврдат дека има некакви шанси

Модриќ во последните три дена од преодниот рок да заврши во Италија и тоа би било навистина вистинско чудо.

Спалети изгледа повеќе не размислува на Модриќ и е задоволен од тоа како клубот го одработи летниот преоден рок.


Следете го Sportski.mk и на


„Убаво е да се слушне дека играч како Модриќ сака да игра за Интер, но јас очекувам тој да остане во Реал оваа сезона, бидејќи тие не сакаат да останат без таков играч. Ние и со ваков тим ќе бидеме силни, иако со него во тимот секако дека би биле на повисоко ниво“, изјави Спалети.

Да потсетиме, Спалети во текот на вчерашниот ден стави потпис на нов договор кој има важност до 2021 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Монако повторно ги продава своите „бисери“ – овој пат во Јувентус

Познато е дека Монако работи фантастично кога се трансферите во прашање и во последните не…