Дома Фудбал Спалети го објави списокот за дуелот со Македонија

Спалети го објави списокот за дуелот со Македонија

На една недела пред натпреварот со Македонија, селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, го објави списокот на кандидати за настап.

За првпат повик во националниот тим добија левиот бек на Јувентус Андреа Камбијасо и играчот од средниот ред на Монца, Андера Колпани.

Во репрезентацијата се враќа Давиде Калабрија, а Сандро Тонали поради суспензијата нема право  на настап. Повик не доби искусниот Имобиле, кој нема голема минутажа оваа сезона.

Дуелот со Македонија на „Олимпико“ е закажан за 17 ноември, додека на 20 ноември ќе и гостуваат на Украина во Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…