Дома Македонски спорт Мак фудбал Со цело срце за вас! Скопско им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки! 📸

Со цело срце за вас! Скопско им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки! 📸

За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, СКОПСКО на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“.

Како горд подржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, СКОПСКО ја продолжи успешната фудбалска приказна со  специјално дизајнирани лименки за репрезентативците кои го содржат нивниот потпис и број на дрес.

„Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица како што е овој историски успех на македонската репрезетација. Со специјалната едиција на лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што нѐ направивте горди!“ изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје. Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство, со што ќе добиеме можност уште посилно да наздравуваме и да ги бодриме нашите момци. Заедно и сѐ е можно!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија верува: Можеме до пресврт против Рига

Утре Шкендија ја пречекува Рига во реванш дуел од Конференциската лига. Рига на домашен те…