Дома Трансфер зона Со трансферот на Кутињо Барса му зададе удар и на Реал Мадрид

Со трансферот на Кутињо Барса му зададе удар и на Реал Мадрид

1

Како што стојат работите Герет Бејл ќе остане во Реал Мадрид иако изгледаше дека сигурно си заминува.

Бејл ги пропушти припремните бидејќи преговараше со кинеските клубови, но на крајот од заминувањето на далечниот исток немаше ништо. Иако Зинедин Зидан неколку пати порача дека не смета на Бејл и покрај тоа што остана во Реал, меѓутоа во последните неколку дена и Зидан даваше поинакви изјави за Велшанецот.

Во претходните неколку недели се шпекулираше дека единствена можност да го напушти Реал е Баерн кој се поврзуваше со него. Баварците беа единствениот клуб кој се поврзуваше со Бејл, но после трансферот на Кутињо јасно е дека нема ништо од тоа.

Каталонскиот „Спорт“ утрово објави дека Барселона на овој начин му задала голем удар на Реал со тоа што го расипала неговиот трансфер во Баерн.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Уште една „отфрлена“ ѕвезда на Јунајтед се сели во Италија

Немања Матиќ оваа сезона изгледа не е во првите планови на тренерот на Манчестер Јунајтед,…