Дома Фудбал Со својот 100-ти гол во синиот дрес, Инсиње му донесе победа на Наполи против Рома

Со својот 100-ти гол во синиот дрес, Инсиње му донесе победа на Наполи против Рома

Лоренцо Исиње со својот 100. гол во дресот на Наполи, му донесе на лидерот во Серија А, импресивна осма победа на стартот на шампионатот од 1:0 на гости кај Рома на „Олимпико“.

Наполи со оваа победа го продолжува историскиот старт на сезоната со осум победи во осум меча и со 26 постигнати голови. Откако Елисон го спречи ударот на Мертенс, асистенцијата на Белгиецот која требаше да стигне до Инсиње се одби од Де Роси, но напаѓачот остана концентриран да го постигне првиот гол во кариерата против Рома. Ова е 200. гол за Наполи во Серија А под водство на Маурицио Сари, постигнати во 84 натпревари.

Со победата Наполи останува на врвот на Серија А со максимални 24 поени, пет повеќе од Интер, Јувентус и Лацио, иако Интер има натпревар помалку – дербито со Милан денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…