Дома Останати Кошарка Со месеци никој не слушнал за него, сега се врати на големата сцена и станува играч на Барселона

Со месеци никој не слушнал за него, сега се врати на големата сцена и станува играч на Барселона

Барселона би можела да добие големо засилување во наредните денови. Фантастичниот кошаркар Рики Рубио кажа „да“ на понудата на каталонскиот гигант и се очекува неговиот потпис.

Рики Рубио го шокираше спортскиот свет кога минатото лето најави привремено повлекување од кошарката. Причината беше проблем со депресија и 33-годишниот играч донесе одлука да престане да игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со месеци не се знаеше каде е и што прави пред да објави на почетокот на јануари дека засекогаш ја напушта НБА. Сепак, тој се враќа на кошарката и кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Феноменалниот дефанзивец веќе извесно време тренира со каталонскиот гигант.. Роџер Гримау реши да го ангажира, управата на Барселона му понуди договор и тој кажа „да“.

Барса нема да врши никаков притисок врз Рубио. За нив најважно е тој да е таму, да ја продолжи кариерата и нема сомнеж дека ќе претставува огромно засилување за каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уапсен братот на Никола Јокиќ

Страхиња Јокиќ, брат на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, е уапсен во САД поради напад на на…