Дома Фудбал Останато Со еден потег го седна тревникот: 16 годишниот Фати понижи играч од првиот тим на Барселона (ВИДЕО)

Со еден потег го седна тревникот: 16 годишниот Фати понижи играч од првиот тим на Барселона (ВИДЕО)

Барселона вчера на свој терен го совлада Бетис со 5:2.

Каталонците за овој натпревар имаа големи проблеми со повредените играчи затоа што Меси, Суарез и Дембеле не беа во конкуренција за настап.

Ернесто Валверде поради тоа во тимот го смести 16 годишниот Анса Фати, тој во игра влезе во 78-та минута и така стана вториот најмлад играч кој заиграл за каталонскиот тим.

Производот на „Ла Масија“ веќе денес тренираше со првиот тим на Барселона и одново покажа дека се работи за голем талент.

Имено, Фати одеше кон голот и пред него застана Иван Ракитиќ. Тогаш Фати со еден одличен потег го исфрли Хрватот кој заврши на тревникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна договор: Хуан Квардадо има нов клуб!

Хуан Куадрадо (38), некогаш еден од најистакнатите фудбалери на својата позиција во Европа…