Дома Фудбал Останато Со дрес од Меси во Парагвај нема да може да влезете на стадион

Со дрес од Меси во Парагвај нема да може да влезете на стадион

Репрезентацијата на Аргентина на гости кај Парагвај ќе ги продолжи квалификациите за Светскот опрвенство, а пред овој натпревар на еден необичен потег се одлучија од редовите на домаќините.

Имено, Парагвајците забранија носење на било каков дрес со презимето на Аргентинецот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сите оние кои ќе дојдат на стадионот во негов дрес без разлика дали е клупски или репрезентативен нема да им биде дозволен влез на стадионот.

Информацијата ја потврди првиот човек на парагвајската федерација, Фернандо Виласбоа во изјава за локалната радио станица „Ла Ред“.

„Никој нема да смее да носи аргентински дресови или дресови на странски клуб. Нашата цел е да го обоиме стадионот во боите на Парагвај и фудбалерите да добијат поддршка каква што заслужуваат“, изјави Виласбоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси во Мајами го запозна човекот по кого го добил своето име Леонел: Мајка ми ќе биде пресреќна

Лионел Меси не крие дека ужива во животот во Соединетите Американски Држави и речиси секој…