Оле Гунар Солскјер веќе започна да работи на засилувањата за следната сезона, така барем тврдат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, мора да почека да се одигра сезоната која е прекината, до крајот, па тогаш да почне да потпишува засилувања.
Солскјер наводно има само две желби, а станува збор за двајца играчи од Бундеслигата, односно Џејдон Санчо и Хаверц.
Ако успее да ги донесе и двајцата тоа скапо ќе го чини Манчестер Јунајтед. Трансфер вредноста на Хаверц се проценува на околу 50 милиони евра.
Од друга страна, Џејдон Санчо би требало да биде многу поскап, а неговата вредност се проценува на околу 100 милиони евра.