Дома Фудбал Останато Солскјер соопшти лоши вести: Јунајтед без капитенот во финалето од ЛЕ

Солскјер соопшти лоши вести: Јунајтед без капитенот во финалето од ЛЕ

Последната шанса за Манчестер Јунајтед да освои трофеј ќе биде Лигата на Европа, но во ова финале „црвените ѓаволи“ ќе бидат без Хари Мегваер.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед наредната недела ги очекува најважниот натпревар во сезоната. На стадионот во Гдањск ќе ги одмерат силите со Виљареал во борбата за трофеј во Лигата на Европа.
Солскјер пред ова финале соопшти лоши вести.

„Хари оди, но да бидам искрен далеку е од трчање. Не верувам дека ќе го гледаме во Гдањск. Сепак, како што и претходно кажав ќе почекаме до вторник кога ќе го имаме последниот тренинг, па ќе видиме дали може да излезе на терен. Полека се опоравува, но на лигаментите потребно им е време за да се залечат. Тој е многу важен во соблекуваланта, вистински лидер“, изјави Солскјер.

Добра вест за Јунајтед е што Марсијал веројатно ќе се врати.

„И понатаму имаме надеж за Ентони. Работи напорно. Се надеваме дека ќе биде спремен за финалето“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…