Дома Трансфер зона Солскјер се ослободува од вишокот: Шестмина „отпишани“ на „Олд Трафорд“

Солскјер се ослободува од вишокот: Шестмина „отпишани“ на „Олд Трафорд“

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер отпиша шестмина фудбалери.

„Црвените ѓаволи“ играат фантастична сезона по враќањето и конечно тргнаа кон врвот во Премиер лигата, но за евентуална борба за титулата ќе мораат да ангажираат засилувања.

За да соберат дополнителни пари за купување на нови играчи, Јунајтед ќе мора да се ослободи од неколку фудбалери. Менаџерот Солскјер наводно веќе „отпишал“ шестмина.

Најзвучното име е Алексис Санчез. Чилеанецот од поодамна е „отпишан“ на „Театарот на соништата“, минатата сезона играше на позајмица во Интер, меѓутоа италијанскиот клуб нема да го откупи неговиот договор.

Крис Смолинг ќе остане во Рома, а од клубот се очекува да заминат Маркус Рохо, Фил Џонс, Џеси Лингард и Диого Далот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја одредил цената за Дибала?

Торински Јувентус очигледно одлучил да направи големи промени во текот на летото. Откако у…