Дома Фудбал Англија Солскјер: Кавани е спремен да игра против ПСЖ

Солскјер: Кавани е спремен да игра против ПСЖ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер потврди дека Едисон Кавани ќе игра против својот поранешен клуб ПСЖ.

Утре „црвените ѓаволи“ ќе ги одмерат силите со ПСЖ во Лигата на шампиони.

Кавани е спремен за игра. За него ќе биде специјално да игра против бившиот клуб, каде играше долго време и остави трага. Колку што го познавам, тоа ќе му даде уште поголема енергија. Тој е вистински професионалец“, изјави Солскер.

Кавани е под истрага на Фудбалската асоцијација на Англија поради проблематична објава на Инстаграм.

„Кавани ја научи лекцијата. Мислам дека станува збор за недоразбирање. ФА побара објаснување и ние му даваме поддршка на нашиот играч“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Станковиќ: Да беше корнер за Милан судијата сигурно ќе дозволеше да го изведат

Синоќа на Сан Сиро екипите на Милан и Црвена Звезда го одигра реванш натпреварот од 1/16 ф…