Дома Фудбал Англија Соиграчите му се смееле кога Зинченко им кажал дека ќе се борат за титула

Соиграчите му се смееле кога Зинченко им кажал дека ќе се борат за титула


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Украинецот, Олександр Зинченко во изминатото лето од Манчестер Сити заедно со Габриел Жесус дојде во Арсенал.

„Топџиите“ вчера победија во дербито со Манчестер Јунајтед со 3:2 и играат фантастична сезона во која имаат само еден пораз и во овој момент изгледаат како најсериозните кандидати за титулата во Премиер лигата.

Зинченко по победата против Арсенал откри дека кога дошол во клубот никој не верувал кога тој зборувал дека ќе се борат за титулата.

„Кога дојдов тука на соиграчите им кажав дека не размсилуваме за место во топ 4 туку дека одима на титула. Многумина ми се смеаа, но сега сите веруваат дека можеме да сме шампиони“, изјави Зинчеко.

По 19 одиграни натпревари Арсенал има 50 бодови и никогаш во својата историја дури и во ерата на „непобедливите“ на Венгер на средина од сезоната овој клуб немал толку бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фирмињо блиску до нов договор со Ливерпул

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо е бли…