Дома Фудбал Совет за Барса: Не брзајте со нов напаѓач го имате Гризман

Совет за Барса: Не брзајте со нов напаѓач го имате Гризман

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека Барселона не треба да брза со доведувањето на нов напаѓач бидејќи во своите редови има квалитет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барса е решена во намерата дополнително да го засили нападот, иако минатото лето го доведе Гризман за 120 милиони евра. Засега најмногу се пишува за Лаутаро Мартинез. За да го доведат играчот на Интер Каталонците ќе мораат да платат цели 100 милиони евра.

Венгер смета дека Барселона нема потреба да брза.

„Свесен сум дека Барса ги сака најдобрите играчи, но не сум сигурен дека на Луис Суарез во овој момент му е потребна замена. Освен тоа тука е Гризман мислам дека не требаат да брзаат затоа што тој ќе проработи“, изјави Французинот.

Гризман во актуелната сезона до прекинот постигна 14 голови на 37 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …