Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарниот албум со сликички за Европското првенство 2024 година. Таа работа ја презеде „Топс“, кој го произведува албумот и сликичките со фудбалери и за наредниот контиентален собир, но и за Лигата на Нации во 2028, како и за ЕП во женска конкуренција наредната година.
Нивниот албум и сликичките за претстојното Европско првенство се веќе во продажба, но реакциите се негативни и голем е бројот на фанови кои се негативни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во критиките најмногу се истакнуваат Англичаните кои не можат да разберат по која основа се избирани англиските репрезентативци кои се во албумот.
Џордан Пикфорд, Хари Кејн, Кол Палмер, Лук Томас, Хари Мегваер, Кирен Трипиер, Лук Шо, Трент Александар-Арнолд, Марк Гуехи, Фикајо Томори, Рико Луис, Еберечи Езе, Делкан Рајс, Џордан Хендерсон, Џуд Белингем, Маркус Рашфорд, Џерод Бовен, Џек Грилиш, Оли Воткинс и Калум Вилсон се англиските фудбалери кои добија место.
Англичаните се бесни и не им е јасно како се изоставени Фил Фоден и Букајо Сако, едни од најдобрите фудбалери во Премиер лигата сезонава и сигурни патници на Европското првенство.
Исто така во албумот го нема и Килијан Мбапе кај него имало проблем со лиценцирањето. Како и да е дефинитивно овој прв албум по 1970 кој не е во изработка на „Панини“ е едно големо фијаско.