Дома Фудбал Останато Снајдер: Можев да бидам како Меси и Роналдо, ама не сакав

Снајдер: Можев да бидам како Меси и Роналдо, ама не сакав

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер изјави дека можел да постигне многу повеќе,но не жали за тоа како се развивала неговата кариера.

Снајдер минатата година во дресот на Ал-Гарафе ја заврши 17-годишната кариера.

Холанѓанецот играше во Ајакс, Реал Мадрид, Галатасарај, Ница и Интер со кои во 2010 година ја освои Лигата на шампиони.

„Можев да станам како Меси или Кристиано Роналдо, но едноставно не сакав. Уживав во животот, понекогаш си дозволував себе си една чаша за вечера. Лео и Кристиано се сосема различни, тие се жртвуваа многу заради кариерата. Сепак, не жалам за ништо, мојата кариера сепак испадна одлична“, истакна Снајдер.

Снајдер е освојувач на бронзен медал на Европското првенство (2004), има сребро (2010) и бронза (2014) на Мундијалите со Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Куман за заминувањето на Суарез: Изгледа јас испаднав лошиот

Тренерот на Барселона, Роналд Куман денес зборуваше за заминувањето на Луис Суарез. Уругва…