Дома Фудбал Лига на шампиони Случајно или намерно? Алармот пет пати ги будеше фудбалерите на Аталанта

Случајно или намерно? Алармот пет пати ги будеше фудбалерите на Аталанта

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија неочекувана предност во вечерашниот меч, откако фудбалерите на Аталанта цела ноќ останаа без сон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува „Скај Италија“, алармот за пожар во хотелот се вклучил дури пет пати и фудбалерите на Аталанта не можеле да спијат.

Од клубот од Бергамо нема реакција и жалба, но сопругата на Руслан Малиновски, Оксана, објави за „инцидентот“ на социјалните мрежи.

„Пеколна ноќ во Манчестер, алармот за пожар се вклучи пет пати по пристигнувањето на тимот. Дали мислите дека ова е случајно? Јас мислам дека е намерно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона со план да го доведе Кејн

Барселона стапи во контакт со претставниците на Хари Кејн со цел да ги испита можностите з…