Дома Останати Ракомет Словенија не успеа до изненадување: Шпанија против Хрватска во големото финале

Словенија не успеа до изненадување: Шпанија против Хрватска во големото финале

Ракометарите на Шпанија во второто полуфинале ја совладаа Словенија со резултат 34:32 и ќе имаат прилика да ја бранат европската титула.

Словенците натпреварот го отворија со водство од 2:0. До 18. минута натпреварот беше неизвесен, а потоа следуваше пад во играта на Словенија.

Шпанија ја искористи секоја грешка на Словенците. Ентериос и Фернандез ја полнеа мрежата на противникот и на полувреме се замина со пет голови предност на актуелниот европски шампион, 20:15.

Шпанија во продолжение на натпреварот ја одржуваше предноста, но паднаа во самиот финиш. Словенија дојде на минус еден, 33:32, но Душебаев на крајот ја запечати судбината на противникот и погоди за 34:32.

Па така, за европскиот трон ќе се борат Шпанија и Хрватска, која после големата драма денеска ја победи Норвешка со 29:28.

Словенија утре ќе го игра натпреварот за третото место, а противник е селекцијата на Норвешка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Видео: Историска ноќ за Аталанта, Мурињо не е тоа што беше

Аталанта запиша историски триумф над Валенсија (4:1) во првиот осминафинален дуел во ЛШ. М…