Шпанската полиција вчера соопшти дека уапсила тројца фудбалери од Ц тимот на Реал под обвинение дека дистрибуирале видео од сексуален однос со малолетничка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден играч од јуниорскиот тим заврши на распит во полиција заедно со тројцата од Ц тимот. Тие се соочуваат со затворска казна.
Повикувајќи се на членовите од законот, шпанскиот Ас пишува дека играчите се соочуваат со затворска казна која може да трае неколку години.
Доколку видеото е снимено без дозвола на жртвата, казните се движат од една до четири години затвор, а таа казна може да се зголеми за споделување на снимката.
За ова е предвидена затворска казна од две до пет години. Во двата случаи, казната се зголемува доколку жртвата е малолетна. Доколку снимката е направена со согласност на жртвата, во случајов 16-годишно девојче, казните се помали.