Дома Фудбал Останато Скандал во Русија: Клуб купи играч, па го отпушти после само шест дена

Скандал во Русија: Клуб купи играч, па го отпушти после само шест дена

0
rusija

Уште еден случај со расизмот во рускиот фудбал.

Во фудбалска Европа се крена огромна прашина после најновиот случај во рускиот клуб кој го изрежираа навивачите на второлигашот Торпедо од Москва.

Имено, овој клуб поради притисокот од навивачите беше приморан да го отпушти новото засилување, иако го доведе пред само шест дена!

Во прашање е Ботак-Јобом (19) и неговиот „грев“ е само што има црна боја на кожата.
Клубот се огласи во текот на денот и тврди дека раскинувањето на договорот со играчот е само исклучиво од финансиски момент.


Следете го Sportski.mk и на


„Во нашата политика се водиме и работима само според спортските принци, делејќи ги луѓето само по нивните вредност. Уште еднаш ќе напоменеме дека бојата на кожата никогаш не е критериум според кој одредуваме кој ќе игра за нас. Во случајот на Ботак, финансиската компезација беше клучниот фактор поради кој се откажавме од негово доведување“, стои во соопштението на Торпедо.

Иако Торпедо тврди дека се откажале од играчот бидејќи Локомотива барала преголема компезација, многумина веруваат дека тоа е само изговор.

„Црната боја може да биде само на дресот на нашиот клуб, но за нас како навивачи постои само една, а тоа е белата“, гласи само еден од коментарите на сметка на играчот и неговиот ангажман.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Милан не се ни свесни каков измамник ги водел цела година!

Eкипата на Милан повеќе од една година беше во сопственост на „бизнисменот“ Јонгхонг Ли. К…